Huawei моментно се соочува со проблеми кои произлегуваат од одлуката на САД да и забрани на кинеската компанија да соработува со американските компании. Меѓутоа, Huawei и натаму со полна пареа продолжува со развој на нови производи и иновации.
Најновиот пример за тоа се неколкуте патенти пријавени кај CNIPA агенцијата, кои покажуваат скици и планови за два телефона со дизајн на екранот кој свиткува околу уредот.
Патентите ги забележа сајтот LetsGoDigital, кој врз основа на скиците креираше рендери на смартфони со единствен дизајн. Телефоните имаат закривен дисплеј, кој речиси се обвиткува околу куќиштето со своите закривени страници.
Благодарение на овој дизајн, копчето за вклучување и SIM слотот се поместени во врвот и дното на уредите, додека контролите за звук најверојатно се потпираат на внес со допир.
Интересно е дека селфи камерата е невидлива, што дугерира дека Huawei има идеја да се потпира на технологија на камерата, која е сместена во, односно под екранот.