Научниците открија дека најчистиот воздух на светот, незагаден од човековите активности, се наоѓа на Јужниот Океан што го опкружува Антарктикот.
Тоа е прва студија која го испитува составот на биоаеросоли во Јужниот Океан, спроведена од научници од Универзитетот во Колорадо. Тие успеаја да идентификуваат атмосферски регион кој е недопрен од човечкото влијание.
Времето и климата се тесно поврзани и ги поврзуваат регионите ширум светот. Бидејќи климатските промени доаѓаат како резултат на човековите активности, научниците решиле да се обидат да го пронајдат аголот на земјата што е најмалку зафатен од влијанието на човекот.
Професорката Соња Крајденвеис и нејзиниот тим претпоставуваа дека воздухот над Јужниот Океан е најмалку погоден од човечката активност и прашината од континентите.
Тие открија дека граничниот слој на воздухот на тоа подрачје нема никакви аеросоли со честички што ги произвеле луѓето. Немаше честички од фосилно гориво, култури, пестициди или отпадни води.
Загадувањето на воздухот обично се јавува кога аеросолите, цврстите честички и гасот завршуваат во воздухот.
Истражувањето заклучува дека Антарктикот се чини дека е изолиран од ширењето на микроорганизмите од јужните земји.
„Јужниот Океан се чини дека е едно од ретките места на земјата најмалку погодени од човечката активност “, рече Томас Хил, научник и коавтор на студијата.