Helmholtz центарот за истражување и заштита на животната средина прави експеримент во кој се земаат примероци од отпадните води од некои од најголемите урбани области и се обидуваат да пронајдат докази за коронавирусот.
Огромните реки преполни со кал и отпад кои се сливаат во пречистителните станици ширум Германија можат да бидат клуч за раното откривање на новиот бран на коронавирус…
Крајната цел е речиси сите канализациони станици да ги инсталираат овие системи на рано предупредување за да се следи ширењето на Ковид-19.
„Тоа би била вистинската линија на испитувањето“ – изјавил микробиологот Хауке Хармс, еден од водачите на истражувањето.
„Би почнале со нашите мерења и тогаш би знаеле каде да ги побарате примероците. Вообичаено тоа е болница, или пак некоја фабрика во која што има епидемија. И потоа некој би морал да ги тестира луѓето“.
Концептот изгледа многу едноставно, канализацијата содржи остатоци од вирусот од човечкиот измет. Доколку таа концентрација нагло се зголеми, тогаш таквите системи би ги предупредиле властите да преземат одредени мерки и да започнат со тестирање на одреденото подрачје.
Научниците признаваат дека пронаоѓањето на малите количини генетски материјал од вирусот во џиновската река на отпад е монументална задача.
„Имаме голема, голема количина отпдни води и предизвик е да се пронајдат трагите на вирусот таму“ – изјавил Рене Келиес, виролог кој што работи на проектот.
„Значи, имаме литри и мораме да ги намалиме на микролитри за да добиеме доволна количина за вадење RNA, а тоа е предизвик“.
Сепак, научниите тврдат дека можат да откријат траги од Ковид-19 во текот на еден ден и да ја пренесат информацијата на локалните власти.
Извор: Srbija Danas