Atari досега во повеќе наврати го одлагаше претставувањето на својата VCS конзола, така што поминаа повеќе од две години од првата најава.
Компанијата објави дека првите 500 Atari VCS конзоли ќе пристигнат веќе кон средината на овој месец. Тоа нема да биде доволно за сите купувачи кои ја финансираа “crowdfunding” кампањата (11,597), но се очекува производството да се стабилизира во текот на летото со оглед на тоа што сега конечно сите делови за конзолата се подготвени и достапни.
Сепак, некои работи се уште не се јасни, од Atari ги немаат објавено сите детали за софтверот за VCS конзолата, како и за начинот за претплата за игрите.
Останува и прашањето дали VCS конзолата ќе биде успешна, иако генерално станува збор за моќен уред со вграден Ryzen процесор и некои PC функционалности.
Како и да е, сигурно е дека ќе им се допадне на носталгичарите, посебно на оние кои своите први гејминг чекори ги направија на култната конзола Atari 2600.
Извор: PC Press.rs