Почнува да се појавуваат се повеќе информации за iPhone 2020 линијата на Apple. Знаеме дека телефоните се очекуваат подоцна во текот на годината и дека ќе имаат OLED дисплеи. Сега извештаите споменуваат дека Samsung Display ќе обезбеди најголем број вакви екрани за престојните iPhone модели.
Apple заклучно со првото тримесечје 2020. година испорача 20 милиони iPhone 11 модели, што покажува дека функцијата на главниот снабдувач на делови за Apple е многу вносна работа. Извештаите сега споменуваат дека Samsung осигурал испорака на најголем број OLED дисплеи за 5G iPhone моделите, додека LG Display и BOE ќе биде задолжен за остатокот.
Samsung ќе обезбеди 80 процети од панелите за iPhone, а овој пат јужнокорејската компанија ќе испорачува екрани за три од претстојните четири iPhone уреди, додека LG и BOE ќе го снабдува со екрани 6,1-инчниот iPhone 12.