Познатиот јапонски новинар Женџи Нишикава откри дека наскоро ќе објави „огромна вест“ која би требало да биде на ниво на минатогодишната ексклузива и најавата на PlayStation 5.
„Подготвувам голема вест… тоа е светска премиера и ексклузива. Минатата година Wired ексклузивно ја објави веста за PlayStation 5, зарем не? Оваа ќе биде на тоа ниво. Се поврзав со извршниот директор на една компанија, а станува збор за револуционерна работа“, изјави Нишикава.
Тој подоцна во својата емисија ја спомена компанијата Sega, а откако еден корисник во коментарите обрна внимание на тоа, Нишикава одговори: „Дали реков Sega? Тогаш станува збор за тоа“.
Нишикава изјави дека не станува збор за Dreamcast 2 конзолата, а иако засега не се знае за што станува збор, треба да имаме во предвид дека на 3-ти јуни се одбележува 60 години од постоењето на Sega, што значи дека на тој датум би можеле да очекуваме и некакви возбудливи вести.
Извор: B92.net