Научници од Европската јужна опсерваторија успеаја да фотографираат раѓање на ѕвезден систем.
Она што успеале да го доловат е самиот почеток на раѓање на ѕвездениот систем.
Астрономите околу ѕвездата AB-Aurigae забележале спирална структура чиј вртлог укажува на тоа дека овде можеби се формира планета. Ѕвездата е оддалечена 520 светлосни години од Земјата.
„Досега се идентификувани над илјада егзопланети, но малку се знае за нивното формирање. Мора да ги набљудуваме младите ѕвездени системи за да го забележиме моментот на раѓање на планета“, изјави Антони Бокалети од Париската опсерваторија.
Извор: B92.net