Samsung го најави T7 Touch преносниот SSD во јануари, а сега е достапен во продажба. T7 Touch го карактеризира складен, компактен дизајн, како и најбрз пренос на податоци кој моментно е достапен преку USB 3.2 Gen 2 стандардот.
SSD е со големина на бизнис картичка, лесно е пренослив, а може да складира до 2TB податоци. SSD нуди брзини на читање на податоците од 1050 MB/s и запис на податоци од 1000 MB/s, што го прави околу два пати побрз од претходникот, моделот T5 и до 9,5 пати побрз од екстерните хард дискови. Максимални брзини SSD постигнува доколку се користи со NVMe интерфејс.
T7 Touch пристигнува со USB Type-C-то-C и USB Type-C-то-A кабел, а компатибилен е со Windows, Mac и Android оперативните системи. Сигурноста е покриена преку AES 256-битната хардверска енкрипција.
Samsung T7 Touch преносниот SSD е достапен во Metallic Red, Indigo Blue и Titan Grey бои, по цени од 110 долари за 500GB модел, 200 долари за 1TB варијанта и 370 долари за 2TB верзија.