Според истражувањата направени во 2018 година, неделно на Клиниката за пулмологија и алергологија се регистрираат по десет нови случаи поради алергиска реакција. Статистичките предвидувања се дека од алергии страдаат од 25 до 30 отсто од луѓето во Македонија – вели д-р Дејан Докиќ.
Покрај тоа, многу лекари и експерти посочуваат на тоа дека до 2025 година, дури и половина од населението ќе ги имаат тие проблеми. Еве неколку совети како можете да ги ублажите алергиските реакции.
Бидејќи количината на алергени во воздухот зависи од временските услови, пожелно е редовно да се следи временската прогноза и според тоа да се планираат активностите на отворено. Така, најдобро да се оди во природа е во деновите откако ќе завршат дождовните порои, рано наутро или доцна навечер, кога концентрацијата на полен е најниска. Меѓутоа, ако оваа пресметка ви претставува проблем, превенцијата е секогаш најдобро решение. Дури и ако имате само поблага форма на алергија, добро е да имате опрема со вас што помага во случај на ненадејна реакција, покрај капките за нос или очи.
Често слушаме како чистотата е половина здравје и ова е случај кога станува збор за алергија на полен, а одржување на домот е клучно за неговата превенција. За полесно и поефикасно чистење на подовите и теписите може да допринесе Samsung лесната безжична stickправосмукалкакоја има дигитален инвертер мотор со моќ на вшмукување до150W. Истовремено ќе имате прилика да вдишете и почист воздух, благодарејќи на петслојниотХЕПА(HEPA) систем за филтрирање, кој задржува 99,999 %од најситната прашина и алергените.
Грините исто така можат да бидат отежнувачки фактор за сезонските алергии, кои најчесто се собираат во душеците и постелнините, а во борбата против нив може да ви помогне Hygiene Steam технологијата на Samsung машините за перење алишта. Освен што се намалува времето на перење и потрошената енергија, голема предност е и Eco Bubble™ функцијата за силно чистење, дури и при ниски температури.
На крајот, недоволното внесување на вода е директно поврзано со чувството на умор и омалаксаност, а тоа најлесно ќе го поправите ако во дневната рутина вклучите вода, природни сокови, билни чаеви и супи.Исто така, калциумот докажано помага во намалувањето на алергиските реакции поради ефектот врз капиларите, а препорачано е да се дополнува со внес на витамин Ц, како природен антихистамин.
Имајќи го во предвид наведеното, јасно е дека може да почувствувате значителни промени со минимален напор. Затоа, ако сѐ уште не сте започнале, одредете ден кој ќе го посветите на овие позитивни одлуки. Бидете сигурни, здрави и пред сè одговорни.
Поврзани артикли