На Универзитетот во Токио се развива едно од можните решенија за намалување на загаденоста на воздухот во сообраќајот.
Станува збор за “Poimo” или “Portable and inflatable mobility”, електричен скутер кој може да се спакува и да се стави во ранец.
Користејќи електрична пумпа, “Poimo” можете да го напумпате и кога ќе пристигнете на вашето одредиште едноставно да го издишите и спакувате.
За целосно да се напумпа, потребно е малку повеќе од една минута.
There's an inflatable electric bike that you can just shove in your backpack, and it looks like all kinds of fun #poimo @UTokyo_News_en #UniverstyofTokyohttps://t.co/PDrul25msA pic.twitter.com/UKuSRTjF3O
— Gizmodo UK (@GizmodoUK) May 13, 2020
Откако ќе го напумпате “Poimo”, морате да му ги додадете тркалата, моторите, батериите и управувачот. Се вкупно, тежи 5,5 килограми.
Моментално станува збор само за прототип, но “Poimo” веќе наишол на позитивно реакции во Јапонија при тестирањето, па можеме да очекуваме дека наскоро ќе слушнеме нешто повеќе за развојот на овој производ.
Извор: B92.net