Белгискиот виролог Марк Ван Ранст на својот Твитер профил споделил видео од еден интересен јапонски експеримент.
Со попуштањето на мерките полека почнуваат да се отвораат и угостителските објекти. Но, иако мерките на заштита во кафулињата и рестораните се високи, тоа не значи дека посетителите се целосно безбедни.
Белгискиот виролог Марк Ван Ранст на својот Твитер профил споделил видео од еден интересен јапонски експеримент.
Преку експериментот, научниците сакале да покажат колку брзо се шири коронавирусот во рестораните – на пример, колку брзо се пренесува помеѓу луѓето кои седат на иста маса.
Een experiment om te zien hoe ziektekiemen zich verspreiden bij n buffet: fluorescerende verf werd op d handen v 1 persoon aangebracht &ze lieten toen een groep v 10 mensen dineren.
In 30 min was d verf op elk individu overgebracht & zat op d gezichten v 3pic.twitter.com/XUEpbFyBhn— Bijan (@Bijan63) May 8, 2020
Во експериментот учествувале 10 лица, а еден учесник претставувал заразена личност. На рацете му била нанесена флуоресцентна боја која не е видлива на дневна или вештачка светлина, а потоа учесниците отишле во просторија во која заедно седеле и јаделе.
По половина час, научниците ги изгаснале светлата, а под ултравиолетовата светлина било видливо дека честичките на бојата се прошириле на сите присутни, на приборот за јадење и масата, а дури стигнале и до лицата на учесниците во експериментот.
Овој експеримент покажува колку е важно честото миење на рацете, но и носењето на заштитна опрема како ракавици и маски.