Француската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на користење социјални мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека, по детална техничка работа, владата пронашла решение што треба да ги задоволи забелешките на Уставниот совет и да биде во согласност со европското право.
„Оваа заштита мора да стане стандард и за сите европски деца“, рече Макрон, нагласувајќи дека Франција сака слична забрана да се воведе низ целата Европска унија.
На 14 август, Уставниот совет ја отфрли забраната за социјални мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека таа претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување.
Претходно, на 21 јули, францускиот парламент усвои закон со кој се наложува забрана за отворање нови профили за лица помлади од 15 години почнувајќи од 1 септември, како и затворање на постоечките профили во рок од четири месеци, заедно со задолжителна проверка на возраста.
По одлуката на Уставниот совет, Макрон му ја довери задачата за подготовка на нов предлог на премиерот Себастијан Лекорну.
