Скопје повторно ќе биде место за средба на технологијата, вештачката интелигенција, бизнисот и човечкиот потенцијал.
На 22 и 23 септември во објектот на Националната опера и балет ќе се одржи Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ (AI Tech Summit „Filip Avramchev“), кој продолжува да ја гради својата визија како независна регионална платформа посветена на развојот и практичната примена на вештачката интелигенција.
Под мотото „Human x AI – Каде што иновацијата се сретнува со човечкиот потенцијал“, акцентот на овогодинешниот Самит ќе биде ставен на односот помеѓу човекот и технологијата и начинот на кој вештачката интелигенција секојдневно ги менува индустриите, работните процеси и можностите за создавање нова вредност.

Самитот за вештачка интелигенција е замислен како простор каде што професионалците, претприемачите, истражувачите, иноваторите и претставниците на државните институции ќе можат да разменат знаења, практични искуства и идеи за иднината на ВИ екосистемот. Фокусот е ставен не само на тоа што може да направи вештачката интелигенција, туку и на тоа како таа може одговорно и практично да се интегрира во технологијата, бизнисот и општеството.

И оваа година присутните ќе имаат можност да слушнат за последните новитети во светот на вештачката интелегенција од претставници на реномирани компании меѓу кои се:
- Fatos Ismali, Главен ВИ Архитект во Microsoft UK;
- Alistair Greenwood, Основач на OmniforceAI;
- Darren Goonawardana, CEO и Коосновач на Collectiv и Cyborg CEO;
- Rui Pedro Machado, Коосновач и директор за технологија и вештачка интелигенција во Maio Labs;
- Aishwarya Jadhav, Виш инженер за машинско учење во Waymo.
Нивното учество ќе прикаже различни перспективи од светот на вештачката интелигенција, машинското учење, технологијата, претприемништвото и практичната примена на ВИ. Со тоа, цел на програмата ќе биде на публиката во Скопје да ѝ овозможи директен пристап до луѓе кои активно работат на технологиите кои ја обликуваат иднината на дигиталната трансформација.
Сите што се заинтересирани можат да ги следат официјалните канали на Самитот во наредниот период за повеќе информации околу говорниците, темите и начинот на кој може да се вклучат.
Од технологијата до човечкиот потенцијал

Централната идеја на Самитот е дека иднината на вештачката интелигенција не се определува исклучиво од технологијата, туку и од луѓето кои ја создаваат, применуваат и насочуваат.
Преку предавања, панели, практични примери и можности за networking, Самитот ќе ги постави прашањата за тоа како ВИ ги трансформира индустриите, како се менува начинот на работа и каде се создаваат новите можности за компаниите, професионалците и претприемачите.

Посебен акцент ќе биде ставен на практичните искуства и решенија кои можат да се применат во реалниот свет, како и на одговорното користење на вештачката интелигенција. Технолошкиот и ВИ сегментот на Самитот ќе ги поврзат инфраструктурата, платформите и системите со конкретните начини на кои вештачката интелигенција може да се истражува, применува и интегрира во постојните технологии.
Скопје како место за регионален дијалог за вештачка интелигенција

Заложбата на Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ е да придонесе кон развојот на ВИ екосистемот во Југоисточна Европа и да креира простор за поврзување на регионот со глобалните технолошки трендови.
Самитот за вештачка интелигенција го носи името на неговиот идеен творец, Филип Аврамчев, кој од минатата година не е повеќе меѓу нас. Но неговата идеја и заложба за хумана употреба на вештачката интелигенција живее и денес, преку луѓето и делата што Филип ги остави зад себе.
Со своето второ издание во овој формат, Самитот продолжува да ја гради својата заедница околу идејата дека напредокот во технологијата има најголема вредност кога создава нови можности и вредности за луѓето, компаниите и општеството.
Бидете дел од AI Tech Summit 2026

Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ ќе се одржи на 22 и 23 септември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје.
За повеќе информации за програмата, говорниците, можностите за учество и билетите, заинтересираните можат да ја посетат официјалната веб-страница: www.techsummit.ai
AI Tech Summit 2026 е вистинска можност да се открие, научи и поврзе со луѓето и технологиите кои ја обликуваат иднината. Бидете дел од разговорот за тоа што допрва доаѓа во светот на вештачката интелигенција.
