WhatsApp почна да ја тестира зелената точка како индикатор за онлајн статус и на iOS.
Минатиот месец дознавме дека WhatsApp почнал да ја тестира зелената точка на Android за да покаже дека контактот е онлајн. Сега, компанијата во сопственост на Meta почнала да ја тестира функцијата и на iOS.
Оваа информација доаѓа од тимот на WABetaInfo, кој ја открил новата функција во бета верзијата од 26.26.10.72 на WhatsApp за iOS.
WABetaInfo известува дека екранот „Информации за контакт“, кој се отвора со допирање на фотографијата на контактот, е единственото место каде што зелената точка моментално се прикажува.
Исто така, вреди да се напомене дека WhatsApp ги применува истите политики за приватност на зелената точка како и за статусите „последно видено“ и „онлајн“, што значи дека ако корисникот одбрал да ги скрие своите статуси „последно видено“ (last seen) и online од другите, зелената точка исто така нема да биде видлива.
Оваа функција за индикатор за онлајн статус со зелена точка моментално е достапна само за некои бета корисници на Android и iOS, и не е јасно кога WhatsApp јавно ќе ја објави за сите корисници.
Поврзани артикли
