Европската комисија ѝ наложи на американската компанија Meta да им дозволи на конкурентските модели на вештачка интелигенција бесплатен пристап до апликацијата WhatsApp.
Мерката ќе остане на сила до крајот на антимонополската истрага против компанијата Meta, која доби рок до следната недела да ги врати условите што важеа пред да започне со ограничување на пристапот во октомври минатата година, објавува порталот Политико со седиште во Брисел.
Откако официјален Брисел започна истрага во декември 2025 година и предупреди во февруари дека може да ја принуди Мета да преземе одредени мерки, компанијата ја укина целосната забрана во март, но почна да им наплаќа на конкурентите за користење на WhatsApp.
Meta ги отфрли мерките како неосновани, тврдејќи дека деловниот интерфејс на WhatsApp никогаш не бил дизајниран да поддржува AI чет-ботови и дека конкурентите можат да допрат до корисниците преку продавници за апликации и други канали.
„Европската комисија одлучи дека OpenAI и некои од најголемите светски компании можат да го користат платениот производ WhatsApp Business бесплатно. Ова е пречекорување на регулативата, ќе поднесеме жалба“, изјави портпаролот на Meta.
Поврзани артикли
