Open AI објави дека тајно поднела барање за излегување на берза со потенцијална проценка до 1 билион долари.

Законите за хартии од вредност во САД им дозволуваат на компаниите да поднесуваат нацрт-апликации за IPO на доверлив начин.

Ова значи дека јавноста, конкурентите и медиумите не можат да ги видат нивните детални финансиски извештаи, трговски тајни и проценки на ризикот сè додека не се приближи точниот датум на излегување на берзата.

OpenAI одлучи да ги објави информациите, бидејќи очекува дека тие во секој случај ќе протечат во медиумите. Менаџментот забележа дека точниот термин на излегување на берзата сè уште не е утврден, а Ројтерс објави дека тоа би можело да се случи во септември.

Open AI, исто така, објави долга филозофска изјава, така да се каже, за својата мисија, својата визија за развој на вештачка општа интелигенција (AGI) и своето верување дека технологијата мора да му служи на целото човештво.

Компанијата собра 122 милијарди долари во најголемата рунда на финансирање во историјата на Силиконската долина кон крајот на март, но проценките покажуваат дека планира да потроши иста сума само за истражувачка компјутерска моќ до 2028 година, објавува Tech Crunch.

Проекциите сугерираат дека компанијата ќе изгуби 85 билиони долари таа година и покрај удвојувањето на продажбата, што значи дека Open AI сега бара од јавните инвеститори да купат акции за да поддржат бизнис кој нема да биде профитабилен најмалку четири години.