Се очекува компанијата да претстави безжични слушалки покрај новите телефони.

Самсунг треба да ги претстави своите најнови Galaxy телефони за оваа година, а јужнокорејскиот гигант го потврди Galaxy Unpacked настанот за 25 февруари.

Како дел од презентацијата, се очекува Samsung да ја претстави најновата серија телефони Galaxy S26, како и подобрувања и новини за Galaxy AI.

Претходно протечените информации сугерираат дека би можеле да ги видиме моделите Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra, кои ќе бидат напојувани од новиот чипсет Snapdragon 8 Elite Gen 5, и би можеле да имаат повеќе RAM меморија и простор за складирање.

Големи хардверски промени се очекуваат само за Galaxy S26 Ultra, со подобрен систем на камери и можна поддршка за полнење Qi2.

Заедно со новите телефони, Samsung би можел да ги претстави и безжичните слушалки Galaxy Buds 4 и 4 Pro, кои ќе имаат нов дизајн, поддршка за движења на главата и чип Ultra Wideband.