Минатата недела, една германска продавница ја објави цената на Xiaomi 17 заедно со клучните спецификации на телефонот, а денес истите детали беа објавени и за најмоќниот модел на кинескиот производител – Xiaomi 17 Ultra.

Според овие информации, Xiaomi 17 Ultra ќе се продава во Европа по цена од 1.499 евра, исклучиво во конфигурацијата со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.

Иако секако не е мала цена, треба да се има предвид дека таа не се променила во споредба со претходниот Xiaomi 15 Ultra, па дури ни во споредба со постариот Xiaomi 14 Ultra. Исто така, конфигурацијата на меморијата се нема променето.

Кога станува збор за батеријата, европската верзија на Xiaomi 17 Ultra ќе има батерија од 6.000 mAh, што е значително помала во споредба со батеријата од 6.800 mAh во кинеската варијанта.

Телефонот ќе биде достапен во бела, црна и зелена боја во Европа, додека виолетовата верзија ќе остане ексклузивна за кинескиот пазар. Официјалниот датум на лансирање во Европа за Xiaomi 17 Ultra се очекува наскоро.