WhatsApp конечно ќе биде блокиран во Русија во 2026 година, изјави за ТАСС, Андреј Свинцов, заменик-претседател на Одборот за информациска политика, ИТ и комуникации на руската државна дума.
Според Свинцов, одлуката за забрана на WhatsApp оваа година е целосно оправдана со оглед на претстојните избори следната година.
„Верувам дека Роскомнадзор (рускиот регулатор) ќе усвои пакет мерки за конечно блокирање на WhatsApp до крајот на годината. Причината е што WhatsApp е во сопственост на компанијата Meta, која е прогласена за екстремистичка во Русија, а таквите остри мерки, особено во предизборната година, се апсолутно оправдани“, рече пратеникот.
Свинцов додаде дека повеќето негови пријатели и познаници одамна се префрлиле од WhatsApp на Telegram или домашната апликација Max.
Рускиот телекомуникациски регулатор објави на 13 август дека вовел мерки за делумно ограничување на повиците на Telegram и WhatsApp во Русија откако тие станаа „главни гласовни платформи што се користат за измама и изнуда“ и „регрутирање на руски граѓани за саботажа и терористички активности“, објави Тасс.
Мерките против WhatsApp продолжуваат бидејќи апликацијата за пораки ги крши руските закони.
