Првиот двокатен висечки мост во Кина со затегнувачи е отворен за сообраќај во источната кинеска покраина Анхуи, објави денес новинската агенција „Синхуа“.

Ова е 11-ти мост преку реката Јангце во покраината Анхуи.

Проектот ги поврзува автопатите, меѓуградските железници и товарните линии овозможувајќи транспорт помеѓу железниците и речниот сообраќај. Патниот дел од мостот, долг 11,9 километри, беше пуштен во употреба вчера.

Се очекува дека новиот мост значително ќе ја подобри транспортната мрежа во делтата на реката Јангце и ќе придонесе за економскиот развој на регионот.

Објектот е дизајниран и изграден според високи еколошки стандарди бидејќи поминува низ националниот природен резерват за делфини на реката Тонглинг и заштитеното подрачје на изворот на вода за пиење.

Фото: принтскрин