Многу корисници ја бараа оваа функција, а Instagram конечно, им ги исполни желбите.
Instagram конечно, ги послуша своите корисници: популарната социјална мрежа воведува нова функција Watch History, која ви овозможува да ги прегледате сите видеа од Reels што сте ги гледале претходно, дури и ако не сте ги лајкнале, зачувале или споделиле.
Досега, ако случајно сте „скролувале“ преку интересно видео од Reels и сте заборавиле да го зачувате, беше речиси невозможно повторно да го пронајдете. Новата функција го решава токму тој проблем.
Како што објаснува извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, многу корисници барале начин да ги пронајдат видеата што претходно ги гледале, но не ги зачувале, а оваа функција е директен одговор на овие барања.
Функцијата Watch History ќе биде достапна во делот Your Activity. За да пристапите до неа, треба да го отворите вашиот профил, да ги допрете трите реда во горниот десен агол, потоа да изберете Your Activity и да ја пронајдете Watch History.
Корисниците ќе може да ги видат сите претходно гледани видеа подредени хронолошки, како и да ги сортираат според времето на гледање или авторот. Тие исто така ќе може да избришат поединечни ставки или целата историја одеднаш.
Новата функција се воведува постепено и треба да биде достапна за сите корисници во светот во наредните недели.
