Amazon објави дека во понеделник идентификувал и поправил проблем што предизвикал големи прекини во голем број интернет услуги низ целиот свет.
Инцидентот бил предизвикан од дефектот во системот DNS за разрешувањњ на крајната точка за API услугата DynamoDB во AWS регионот US-EAST-1.
Техничкиот проблем довел до зголемена стапка на грешки во пристапот до базата на податоци и последователно предизвикал низа проблеми на други услуги што ја користат cloud инфраструктурата на Amazon.
Корисниците ширум светот пријавиле проблеми со популарните услуги и апликации поради инцидентот. Засегнати биле Disney+, Hulu, Canva, Roblox, Fortnite, како и телекомуникациските оператори AT&T и авиокомпаниите Delta и United Airlines.
Многу корисници пријавиле дека не можеле да пристапат до своите сметки, да вршат онлајн купувања, па дури и да се пријават за летови преку интернет.
Amazon Web Services (AWS) моментално покрива околу 30 проценти од глобалната cloud инфраструктура, а дури и мал прекин во еден од клучните региони, како што е US-EAST-1, може да предизвика домино ефект што влијае на десетици услуги и апликации на сите континенти.
Проблемот е решен, системот е стабилизиран
Amazon вели дека проблемот со DNS е целосно решен и дека сите негови услуги постепено се враќаат во нормално работење.
Сепак, тие додаваат дека сè уште работат на целосна стабилизација и елиминирање на сите преостанати аномалии.
Експертите предупредуваат дека ваквите инциденти покажуваат колку е ранлива глобалната интернет инфраструктура на дефекти во централизираните облачни системи.