На воената парада во Пекинг вниманието беше насочено кон четириножните роботи што кинеските медиуми ги нарекоа „роботски волци“. Тие се релативно нов и впечатлив додаток на воениот арсенал на Кина, објавува Би-би-си.

Според извештаите во кинеските државни медиуми, овие уреди се способни за извидување на првата линија, доставување резерви и извршување прецизни напади врз цели. Тие се опремени со камери што овозможуваат попрецизно пукање.

Нивните претходници, познати како „роботски кучиња“, првпат беа прикажани минатата година за време на заедничка воена вежба со Камбоџа. Сепак, подоцна беа преименувани во „волци“ како дел од она што кинеската државна телевизија CCTV го опиша како стратешка трансформација.

Државните медиуми тврдат дека новите „роботски волци“ ги подобриле борбената ефикасност и поголемата способност за удар. Пекинг ги претставува како симбол на напредокот во воената технологија што би можела да игра голема улога во идните операции.

фото: принтскрин