Практично сите германски граѓани го исполнуваат своето слободно време преку интернет, според новото издание на „Монитор за слободно време“ од Фондацијата за прашања за иднината.

Во онлајн анкета спроведена на повеќе од 3.000 испитаници за годишната студија, 98 проценти рекле дека користат интернет барем еднаш неделно.

Пред петнаесет години, тој удел изнесувал само 51 процент.

Зад интернетот се телевизијата и музиката, со по 83 проценти, а 79 проценти го поминуваат слободното време играјќи игри или комуницирајќи на таблет, лаптоп, компјутер или телефон.

Испитаниците очигледно можеле да заокружат повеќе од еден одговор.

На шесто место, со 73 проценти, беше размислувањето. Според тоа, тројца од четири испитаници едноставно слободното време им го препуштаат на своите мисли барем еднаш неделно.

По ова следуваат „разговор за важни работи“ и „споделување време со партнерот“, со 68 и 64 проценти, соодветно.

Зад Фондацијата со седиште во Хамбург е тутунската група BAT.