Од компанијата Starlink пристигнуваат информации дека се подготвуваат да лансираат сателити од следната генерација следната година.

Според компанијата, која е во сопственост на Илон Маск, секој од новите сателити е дизајниран да обезбеди повеќе од еден терабит капацитет за преземање податоци (> 1.000 Gbps), како и над 200 Gbps капацитет за прикачување податоци за корисниците на Земјата.

„Ова е повеќе од 10 пати поголем капацитет за преземање и 24 пати поголем капацитет за прикачување во споредба со сателитите од втора генерација“, велат од Starlink.

Starlink исто така истакнува дека брзината и доцнењето на пренос на податоци се „радикално подобрени“.

Фото: принтскрин