Google продолжува да го подобрува својот AI Mode, со нови функции за Search чет-ботот.

Google ги додава можностите за Gemini 2.5 Pro и Deep Search во својот AI Mode, а овие функции ќе им бидат достапни на претплатниците на Google AI Pro и Google AI Ultra.

Иако до овие алатки може да се пристапи на други начини, нивната имплементација во чатбот сугерира дека AI Mode ќе биде примарна форма на употреба за пребарувачот на Google.

Друга нова функција, објавена претходно оваа година, е можноста Gemini да остварува телефонски повици со Project Astra.

Оваа функција базирана на AI агенти доаѓа во AI Mode во ограничена форма. Првично, ќе биде можно да се контактираат само локалните бизниси, а темите ќе бидат ограничени на прашања за достапност и цени.

Гореспоменатите телефонски повици со вештачка интелигенција се достапни за сите корисници на Search, но за претплатниците на Google AI Pro и AI Ultra, тие ќе бидат достапни со помалку ограничувања.