Се појавија информации за тоа кога би можеле да ја видиме новата серија телефони iPhone 17.

Apple обично ги претставува своите нови модели на iPhone во септември, па затоа истото се очекува и оваа година. Но, кога точно во септември би можело да се случи тоа?

Аналитичарот Марк Гурман, кој е познат по своите инсајдерски информации од екосистемот на Apple, верува дека го знае одговорот на ова прашање. Тој верува дека Apple ќе ја лансира серијата iPhone 17 во неделата што започнува на 8 септември.

Презентацијата на Apple би можела да се одржи на 8, 9 или 10 септември. Компанијата никогаш не го одржала својот настан во петок, додека 11 септември ќе биде избегнат од очигледни историски причини (терористичкиот напад во Њујорк во 2001 година).

Оваа година ќе ги видиме iPhone 17, iPhone 17 Air, iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max. Apple ќе го замени моделот Plus со Air верзијата, бидејќи iPhone Plus се покажа како најслабо продаван во претходните серии.

Фото: Принтскрин