ByteDance, која е сопственик на TikTok, е најновата компанија која размислува да влезе на пазарот на паметни очила.

Според најновите извештаи, ByteDance – сопственикот на TikTok – активно развива свои очила за мешана реалност (mixed reality), кои би можеле да се натпреваруваат со линијата на производи AR/VR на Meta.

Развојот на овие очила се спроведува преку стартапот Pico на ByteDance, кој веќе е познат по својот VR уред Pico 4.

Се очекува новиот уред да биде компактен и лесен, дизајниран како очила, што укажува дека ByteDance се стреми кон поудобно и секојдневно AR/VR искуство.

Доколку овие планови се потврдат, ByteDance би влегол во директна технолошка трка со добро познати уреди, како што се Meta Quest, Cisco Spectacles и Apple Vision Pro, нагласувајќи ја својата амбиција да стане сериозен играч во секторот AR/VR.