Meta ја објави официјалната WhatsApp апликацијата за iPad неодамна, а се чини дека наскоро би можело тоа да се случи и со Instagram.
Моментално, можете да пристапите до Instagram преку Safari или да ја користите апликацијата за iPhone во зголемен режим. И двете решенија нудат искуство кое не е ни блиску до она што апликацијата може да го понуди.
Марк Гурман од Блумберг, во најновото издание на билтенот Power On, вели дека вработените во Meta сега активно го тестираат Instagram за iPad и дека „развојот е во полн ек“.
Гурман очекува апликацијата да биде лансирана подоцна оваа година, освен ако Meta не наиде на голема пречка.
Извештаите дека Meta работи на изворна iPad Instagram апликација првпат се појавија во април оваа година, а промената на мислењето на Meta доаѓа само три години откако шефот на Instagram, Адам Мосери, рече дека „нема доволно голема група луѓе“ за да лансира апликација како оваа.
Кога ќе пристигне апликацијата за iPad на Instagram, Threads може да биде единствената голема услуга на Мета без апликација за iPad. Сепак, нема иста активна база на корисници како WhatsApp или Instagram, па затоа е прашање дали ќе добие апликација.