Како по правило, уредите Tamagotchi се фокусираат на одгледување само на едно дигитално домашно милениче, но новиот Tamagotchi Paradise го менува ова правило.

Од играчот зависи дали ќе се грижи за цела планета полна со суштества на кои им е потребна помош.

Уредот доаѓа со екран во боја, а покрај стандардните три копчиња, има и странично тркало со кое можете да зумирате на едно милениче или да одзумирате за да ја видите целата планета.

Планетата каде што се наоѓаат суштествата за кои се грижи играчот има копно, вода и небо, а почетниот екосистем зависи од тоа која од трите бои на уреди ќе ја купите. Сепак, можно е да ги отклучите сите три за време на играта. Уредите можат да се поврзат за да играте со пријатели.

Tamagotchi Paradise исто така има и можност за парење, што значи дека компатибилните домашни миленици можат да создадат потомство, со до 50.000 можни комбинации.

Уредот прво доаѓа во Јапонија, а лансирањето е закажано за 12 јули. Препорачаната малопродажна цена на новите Tamagotchi е 45 долари, што е приближно 40 евра.