Xiaomi инвестира дополнителни ресурси во развој на сопствени чипови.

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi ќе инвестира најмалку 50 милијарди јуани (6,14 милијарди евра) во следните 10 години во развој на сопствени чипови, изјави извршниот директор на компанијата, Леи Џун.

Најновиот потег на кинеската компанија е дел од напорите за зајакнување на домашната технологија во услови на трговска војна меѓу САД и Кина, што доведе до тоа Вашингтон да го прекине пристапот до одредени полупроводници за кинеските компании, објави CNBC.

Леи додаде дека компанијата сака да направи спектакуларен впечаток на настанот во четврток, кога ќе го претстави Xring O1, таканаречен систем-на-чип што ќе го напојува претстојниот паметен телефон на Xiaomi.

Xring O1 е базиран на тринанометарски производствен процес, еден од најнапредните на пазарот.

За споредба, чиповите на Apple во паметните телефони iPhone 16 Pro и Pro Max се направени со користење на истиот процес.

Систем-на-чип (SoC) е вид полупроводник со различни компоненти кои помагаат во напојувањето на уред како паметен телефон.