Платформата X моментално се соочува со големи оперативни проблеми, бидејќи корисниците пријавуваат тешкотии при пристапувањето до нивните сметки.
Според податоците од веб-страницата Downdetector, илјадници корисници имаат тешкотии при пристап до одредени страници на платформата X, како и проблеми со апликацијата и страницата за најавување, објавува Independent.
Страницата, која ги следи искуствата на корисниците на мрежата X и прекините на страницата, соопшти дека проблемот започнал кратко по 13 часот.
До 13:45 часот, тие добиле 11.866 пријави од корисници кои имале тешкотии со платформата на Елон Маск, пренесува Танјуг.
Интернет опсерваторијата Netblocks.org потврди дека платформата X има меѓународни прекини, додавајќи дека инцидентот не е поврзан со прекини на интернет или филтрирање во која било конкретна земја.
Прекинот се случил два дена откако платформата X доживеа прекин во четвртокот вечерта, за време на кој корисниците не можеа да ја користат апликацијата неколку часа.
Кога се обидуваат да прикачат нови објави, корисниците добиваат порака за грешка: „Нешто тргна наопаку. Обидете се повторно да прикачите (содржина).“
Поврзани артикли