Скиновите од Counter Strike можат да обезбедат поголема заработка од златото и акциите.
Виртуелните предмети од популарната видео игра Counter Strike (CS), познати и како „скинови“, можат да им обезбедат на инвеститорите поголем принос од акциите, златото и биткоинот, според истражување објавено денес од Руската школа за економија и Високата школа за економија.
Вредноста на индексот Шарп, кој се користи како индикатор за ефикасноста на инвестициското портфолио, е 0,34 за скиновите, 0,25 за американската берза, 0,21 за биткоинот и 0,12 за златото, објавува порталот RBK.
Скиновите се виртуелни предмети што го менуваат изгледот на оружјето во видео играта CS и имаат чисто естетска функција, бидејќи се дизајнирани да ја истакнат личноста на играчот и да го персонализираат изгледот на оружјето без да ја променат неговата функционалност.
Тие можат да се купат и препродадат за вистински пари, и во играта и надвор од неа.
„Блумберг“ претходно објави дека анонимен корисник купил скин за најновата верзија на играта Counter Strike (CS:GO) за рекордни 1 милион долари.
Инвеститорите можат да постигнат многу високи приноси, но треба да се напомене дека овие инвестиции се поврзани со значителни ризици, се наведува во студијата.