DeepSeek пренесувал кориснички податоци и барања без дозвола во Јужна Кореја, соопшти регулаторот.

Комисијата за заштита на лични податоци на Јужна Кореја во соопштението наведува дека компанијата што ја поседува апликацијата DeepSeek AI не добила согласност од корисниците при преносот на лични податоци до бројни компании во Кина и САД.

Во февруари, агенцијата за податоци на Јужна Кореја ги суспендираше новите преземања на апликацијата DeepSeek во земјата, откако соопшти дека DeepSeek признал дека не ги зел предвид некои од правилата на агенцијата за заштита на личните податоци.

Агенцијата за заштита на податоци соопшти дека DeepSeek исто така ја испратила содржината на AI барањата внесени од корисниците до Beijing Volcano Engine Technology, заедно со информации за уредот, мрежата и апликацијата.

DeepSeek подоцна ѝ кажа на агенцијата дека одлуката за испраќање информации до Volcano Engine била донесена за да се подобри корисничкото искуство и дека го блокирале преносот на AI prompt содржина од 10 април, се вели во соопштението.

Повикувајќи се на изјавата на Јужна Кореја, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека кинеската влада не барала и никогаш нема да бара од компаниите нелегално да собираат и складираат податоци.