Elden Ring брзо стана најголемиот успех на From Software, а сега може да се пофали со уште едно достигнување.

Популарната игра Elden Ring беше објавена во февруари 2022 година и оттогаш е огромен успех. Само во првите неколку недели од нејзиното лансирање, играта се продаде во над 12 милиони примероци.

Сега, три години по објавувањето, Elden Ring е продаден во 30 милиони примероци, што го прави најголемиот успех на From Software досега.

Креаторот на играта From Software и издавачот Bandai Namco споделија порака на социјалните мрежи за ова достигнување и 30 милиони продадени примероци од играта.

Оваа година се очекува Elden Ring дополнително да ја заинтригира гејмерската јавност, додека го очекуваме лансирањето на спинофот Elden Ring: Nightreign.