Видеоиграта од 1986 година добива филмска адаптација – во режија на Мајкл Беј, а извршен продуцент е актерката Сидни Свини.
Извори за Deadline велат дека Universal Studios развива адаптација на иконската аркадна видео игра на Sega, OutRun, а треба да додадеме и дека Џејсон Ротвел ќе го напише сценариото.
Деталите за заплетот не се сосема јасни. Во оригиналната видео игра, играчот вози кабриолет Ferrari Testarossa низ неколку фази. Целта, секако, е да се постигне најбрзо време избегнувајќи пречки, а играта првично беше достапна само на аркадни машини пред да биде објавена на Sega Master System во 1987 година.
Патем, играта беше пионер во нов жанр и создаде поджанр на електронска музика соодветно наречен „OutRun“ – оттогаш се објавени бројни различни верзии и таа останува една од водечките франшизи на Sega.
Засега, Свини е само во продукција, и нема информации дали ќе се појави во филмот. Актерката е позната како голем обожавател на класични автомобили, па дури има и свој TikTok профил посветен на винтиџ возила, Syds_Garage.
Исто така, режисерот Мајкл Беј е познат по своите акциони секвенци и режирал неколку добро познати филмови фокусирани на автомобили, како што се првите два дела од франшизата Bad Boys и првите пет филмови од серијалот „Трансформерс“.