Huawei не само што е лидер на пазарот, туку и дополнително ја зголемува својата доминација во Кина.
Во текот на последниот квартал од 2024 година, Huawei испорача 2,506 милиони единици од своите преклопни телефони, заземајќи 48,6% од пазарот во Кина, според податоците од аналитичката фирма IDC. Сега аналитичарите тврдат дека Huawei испорачал 2,842 милиони преклопни уреди во текот на првиот квартал од 2025 година, контролирајќи 76,6% од пазарот.
Ова претставува импресивен раст од 53,1 проценти на годишно ниво и значителен скок во однос на четвртиот квартал, кој всушност забележа пад од 9,5% на годишно ниво.
Значителниот раст на Huawei во сегментот на преклопни уреди доаѓа на сметка на другите производители. Најголем „губитник“ во овој период беше Honor, чиј удел падна од 20,6% во четвртиот квартал од 2024 година на само 9,1% во текот на првиот квартал од оваа година.
Зад него е Oppo, кој држи 7,1% од пазарот за преклопни телефони испорачани во Кина, со раст во текот на првиот квартал. Xiaomi исто така забележа значителен пад во овој период.
Минатата година, Huawei го издаде својот прв троен телефон (Mate XT Ultimate), уред што се преклопува како книга (Mate X6) и два телефона што се преклопуваат (Pocket 2 и новиот Flip). Оваа година, кинекси гигантот започна со иновативниот модел Pura X.