Основачот на „Амазон“ и „Блу Ориџин“, Џеф Безос, падна во пустината во Тексас додека трчаше да се сретне со свршеницата Лорен Санчез.

Како што можeше да се види на преносот во живо од лансирањето, Џеф Безос возбудено трчаше околу капсулата во која се наоѓаше неговата свршеница. Сепак, додека гледа низ прозорците, во еден момент падна.

Видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи, а некои решија да се пошегуваат.

„Џеф Безос по ударот од царините“, „Ова е смешниот момент кога Џеф Безос се сопна токму кога се спремаше да ја поздрави целосно женската екипа на „Блу Ориџин“. „Додека некои ја бакнуваат земјата како симбол на емоции и почит, тој го стори тоа, но не по своја волја“, „Мисијата беше историска, но неговиот пад беше шлаг на тортата“, „Како може да пропушти толку голема дупка? Тој дури и не гледа надолу за да го види теренот по кој оди. Ако некогаш оди на Месечината, веројатно ќе го изгубиме ако некако успее да лебди од површината или да го искине оделото на мала карпа“, беа некои од коментарите.

Сепак, на крајот ја сретна Лорен на вратата од капсулата и ја прегрна цврсто. Потоа, Лорен истрча да ги прегрне членовите на своето семејство кои исто така беа присутни на историскиот настан.

„Не можам да го опишам со зборови. Ја видовме месечината. Земјата изгледаше толку мирно… Мислам дека не може да се опише тоа“, рече Санчез со солзи во очите.

Санчез полета во вселената заедно со уште пет жени, имено пејачката Кети Пери, новинарката Гејл Кинг, активистката за човекови права Аманда Нгуен, ракетната научничка Ајша Боу и продуцентката Керијан Флин. Ракетната мисија НС-31 е дел од програмата „Њу Шеферд“ на „Блу Ориџин“ и е првиот вселенски лет само со жени од 1963 година.