Apple планира да додаде во својата серија iPhone 17 подобрувања кои Android телефоните одамна ги нудат.
За разлика од Android телефоните, iPhone сè уште немаат поддршка за снимање 8K видео. Сега, се појавија информации дека Apple би можел да го промени тоа со серијата iPhone 17, која конечно би можела да добие поддршка за снимање видео во 8K.
Во моментов, моделите на iPhone 16 и 16 Plus можат да снимаат 4K видео до 60 fps, додека моделите Pro и Pro Max можат да го прават тоа до 120 fps. Според некои внатрешни гласини, Apple бил подготвен да понуди опција за снимање видео 8K на актуелните модели на iPhone 16, но телефото сензорот што се користел за iPhone 16 Pro и Pro Max го спречил тоа.
За снимање во 8K резолуција потребен е сензор за камера со резолуција од околу 35MP, а сензорот што го има iPhone е 12MP. Како што истакна Apple, би имало забуна доколку не е возможно да се снима во 8K со телефото сензорот, така што овогодинешните модели не можеле да се префрлаат помеѓу различни сензори додека снимаат 8K видео.
Ако серијата iPhone 17 поддржува снимање видео во 8K, тоа значи дека Apple планира да го надгради телефото сензорот до многу поголема резолуција.
Поврзани артикли