Apple, како и секогаш, вешто избегна казна од Европската унија поради стандардните прелистувачи за iOS и iPadOS.
Компанијата им дозволи на корисниците да изберат стандарден веб-прелистувач, без да го фаворизираат Safari.
Apple нема да биде казнет според Законот за дигитални пазари на Европската унија (DMA) за начинот на кој ги поставува стандардните веб-прелистувачи за iPhone и iPad, дознава Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски до истрагата што беше покрената пред една година.
Имено, иако Apple првично беше под лупа за начинот на кој го промовира сопствениот прелистувач Safari во рамките на iOS и iPadOS, извори запознаени со случајот тврдат дека американскиот технолошки гигант ќе избегне казни кои би можеле да достигнат и до 10 отсто од глобалниот годишен приход.
За да ја избегне казната, Apple им понуди, во најновите верзии на неговите оперативни системи, на европските корисници, екран за избор на прелистувач кој прикажува листа на популарни алтернативи на Safari. Првата верзија на тој екран го фаворизираше Safari, но ситуацијата набрзо беше решена и веќе нема фаворизирање за прелистувачот на Apple.
Покрај тоа, ако корисникот избере друг прелистувач како стандарден, тој автоматски се презема и се појавува на истото место каде што претходно беше Safari. Со овој потег Apple ги почитуваше европските правила за конкуренција и избегна големи казни.
Поврзани артикли