Легендарното лого на сината птица „Лари“ е продадено на аукција.

Логото, кое го красеше седиштето на компанијата во Сан Франциско, сега е продадено на аукција за 34.375 долари. Знакот тежи 254 килограми и е со димензии 3,7 на 2,7 метри.

Аукцијата ја одржа аукциската куќа RR Auction, додека идентитетот на купувачот не беше соопштен.

Препознатливата сина птица со прекар „Лери“ со години е симбол на Twitter. Откако Илон Маск ја презеде компанијата и ја преименуваше во X во 2023 година, беа продадени неколку логоа на Twitter.

Самите простории на компанијата, исто така, претрпеа големи промени во дизајнот, при што препознатливите украси од сини птици беа заменети со црни ѕидови и конференциски сали со тема X.