Корисниците на YouTube во последните неколку дена се соочуваа со проблеми со квалитетот на репродукција на видео на различни платформи.

Минатата недела YouTube призна проблем поради кој видео содржините се прикажуваат во помала резолуција.

Имено, видео клиповите и shorts содржината автоматски се репродуцираат во резолуција од 144p или 360p на десктоп, iOS и паметни ТВ уреди, дури и со силна интернет конекција.

Сега YouTube истакна дека проблемот е решен и дека сите функции за стриминг треба да се вратат во нормала.

Во текот на изминатата недела, корисниците на Reddit и другите платформи се жалеа на овој проблем, а ситуацијата беше особено забележлива на паметните телевизори, iOS уредите и десктоп компјутерите.

Од друга страна, апликацијата на телефоните и таблетите со Android функционираше без никакви проблеми.