Бројни граѓани од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија синоќа на социјалните мрежи масовно споделија слики и видеа од необичен феномен на небото – спирално сино светло кое исчезна толку брзо како што се појави! Во примарниот недостаток на идеи за тоа што би можело да биде, беше прашана и вештачката интелигенција и одговорот се совпадна со теоријата на голем број луѓе.
Појавата, во најмала рака, предизвика голем интерес кај оние кои го забележаа, но и кај оние што ја видоа необичната снимка благодарение на фотографиите на Интернет.
Теориите беа многубројни, а немаше недостиг од емоции, почнувајќи од шок, страв, до целосно задоволство. Некои отидоа дотаму што рекоа дека им е „чест да бидат присутни на тоа“.
Некои, пак, не сакаа да останат без решение на мистеријата, па се обратија за помош на вештачката интелигенција.
„Овој феномен на небото се појавува како спирала од светлина, што може да биде резултат на лансирање ракета или сателит. Таквите спирали често се гледаат кога горивото или издувните гасови од ракетните мотори ја рефлектираат сончевата светлина во горниот дел од атмосферата. Слични феномени се забележани по лансирањето на ракетите SpaceX или други вселенски летала. Ако фотографијата е направена неодамна, можно е да е поврзана со едно од поновите лансирања“, се наведува во одговорот.
Nebo nad Ljubljano pravkar. A kdo kaj ve kaj je to, se je sprožil vladni vesoljski program in bodo poleteli v…? pic.twitter.com/LIdYnQCR8l
— Jože Možina (@JozeMozina) March 24, 2025
Ваквото објаснување дефинитивно им одговара на дел од граѓаните кои мислеа дека токму тоа е во прашање.
Имено, според Business Insider, со оглед на описот и претходните слични појави, многу е веројатно дека станува збор за истекување гориво од неодамна лансирана ракета SpaceX од Флорида. Имено, „SpaceX“ ја лансираше својата ракета „Falcon 9“, а лансирањето се случи од базата на вселенските сили во Калифорнија. Последното вакво лансирање се случи во саботата, кога слични појави беа забележани и на небото.