Владата на Папуа Нова Гвинеја ја блокираше социјалната мрежа Facebook, опишувајќи го потегот како „тест“ за ублажување на говорот на омраза, дезинформациите, порнографијата и „другите штетни содржини“.
Тестот, спроведен според антитерористичките закони во земјата, започна вчера наутро и продолжи денеска, пренесува „Еј-би-си“.
Корисниците на Facebook во земјата не можеа да се логираат на платформата и не е јасно колку долго ќе трае забраната. Потегот на власта не беше најавен пред вчерашниот „тест“ – кој опозициските пратеници и лидерите на медиумите го оценија како „тиранија“ и „кршење на човековите права“.
PNG government “testing” controls over facebook @Meta in PNG. Blackout, blanket suppression. This is stuff dictators do. pic.twitter.com/p1vd9NJZ3S
— MICHAEL KABUNI (@miqurlkabuni) March 24, 2025
Во изјавата, министерот за полиција на Папуа Нова Гвинеја, Питер Цијамалили, рече дека иницијативата е да се обезбеди „одговорна употреба“ на сајтовите на социјалните медиуми како Facebook, додека „штетната содржина“ ќе се држи надвор од јавниот дискурс.
„Сепак, неконтролираното ширење на лажни вести, говор на омраза, порнографија, детска експлоатација и поттикнување насилство на платформи како Facebook е неприфатливо. Овие предизвици се повеќе ја загрозуваат безбедноста, достоинството и благосостојбата на нашето население“.
Facebook е убедливо најпопуларната социјална мрежа во земјата, со околу 1,3 милиони корисници, или околу половина од проценетите 2,6 милиони корисници на интернет во земјата. За споредба, Instagram има околу 106.000 корисници.