По успешно слетување во морето, вселенското летало „Драгон“ било опкружено со група делфини, јавува Би-би-си.

Астронаутите на НАСА, Суни Вилијамс и Буч Вилмор, се спуштија во морето во близина на Талахаси, Флорида, по девет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица. Со нив слетале и астронаутот на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов.

Неколку минути по слетувањето, делфините пливаа околу леталото. Коментаторите на НАСА се пошегуваа дека се почесни членови на спасувачкиот тим.