Љубителите на филмови кои имаат ДВД колекција со внимателно избрани наслови можеби ќе сакаат да ја проверат состојбата на Warner Bros дисковите во својата колекција.

Имено, се покажа дека стотици WB-дискови објавени помеѓу 2006 и 2008 година подлегнале на таканареченото гниење на дискот, или до расипување што довело до замрзнување и грешки при работа, па дури и до целосно откажување.

ДВД-а кои биле правилно складирани и користени не требало да се влошат до толку во толку краток временски период, што укажува на тоа дека сериозен проблем во фазата на производство влијаел на одредени Warner Bros дискови.

Добрата вест е што компанијата го призна проблемот и нуди замена за оштетените дискови, но само за насловите кои се уште се во производство и доколку Warner Bros. сè уште ги има правата на насловите. Во соопштението објавено од филмската веб-страница JoBlo, Warner Bros. изјави дека е запознаена со проблемите кои ги засегаат одредени ДВД-а и дека компанијата активно работи на замена на неисправните дискови.

Проблемот, се чини, опфаќа широк опсег на наслови, вклучувајќи ги класичните холивудски филмови како 2001: Одисеја во вселената и филмовите за Супермен, како и популарните анимирани серии како Looney Tunes Collections и Batman: The Animated Series.