Веќе знаеме дека Grand Theft Auto VI доаѓа оваа година, прашање е само кога точно.
Игрите на Grand Theft Auto, историски, побавно пристигнуваат на платформата за компјутер. Барем помодерните верзии. Ова очигледно ќе се случи повторно со Grand Theft Auto VI, иако сè уште не е официјално потврдено.
Меѓутоа, во неодамнешното интервју за IGN, Штраус Зелник, шеф на Take-Two Interactive Studios, рече дека нивната стратегија отсекогаш била да лансираат игри прво за конзоли, а потоа и за компјутер.
Сепак, Зелник истакна дека пазарот на персонални компјутери стана многу важен за бизнисот и очекува овој тренд да продолжи.
„Значи, Civilization 7 беше достапен за конзоли, компјутери и Switch од самиот почеток. Кога станува збор за други наслови во нашата понуда, не секогаш одиме на сите платформи во исто време. Гледајќи наназад, Rockstar почна да објавува игри на некои платформи, а потоа историски се пресели на други платформи“, вели Зелник.
Останува да се види дали ова може да се протолкува како потврда дека Grand Theft Auto VI ќе биде пуштен и за компјутер во иднина. Тоа речиси сигурно ќе се случи, само треба да видиме кога точно.