Опцијата, која Google веќе ја додаде на својата популарна услуга за мапирање, би можела да пристигне и на Apple Maps.

Apple на неодамнешниот состанок им кажа на своите вработени дека размислува за голема промена, објави аналитичарот Марк Гурман во својот последен извештај.

Apple наводно планира да додаде рекламирање на својата услуга Maps.

Рекламите и огласите би биле слични на она што го има Google Maps, а бизнисите би платиле за да бидат прикажани повисоко во резултатите од пребарувањето или да се видат на самите мапи.

Се наведува дека нема информации кога ќе се спроведе оваа промена, а можно е да не се случи наскоро.