Google Gemini сега „се сеќава“ на содржината од претходните разговори и користи претходно добиени информации за подобро да одговори на прашањата.

Без разлика дали поставувате прашање за нешто за што веќе сте разговарале или барате од Gemini да го резимираат претходниот разговор, тој сега користи информации од релевантните разговори за да даде соодветен одговор, се вели во соопштението на компанијата.

Како што се додава, корисниците повеќе нема да мора да го рестартираат разговорот или да бараат претходна нишка за разговор, туку ќе може да ги следат претходните разговори или започнатите проекти.

„Вие контролирате кои информации се складирани. Можете лесно да прегледате, бришете или да одлучите колку долго да ја чувате историјата на разговорите“, додава Google на својата веб-страница.

Корисниците можат да ја гледаат, а можеби и да ја бришат содржината на претходните разговори преку опцијата Gemini Apps Activity.

Функцијата е веќе достапна за оние со Google One AI Premium на англиски јазик, а поддршката за други јазици се очекува во наредните недели, додаде технолошкиот гигант.