Пристигнува уште една рунда необични „гости“ во франшизата Call of Duty.
Откако CoD ги пречека Снуп Дог, Лара Крофт и Лионел Меси, пристигнуваат четири фигури кои со децении го разубавуваат детството ширум светот.
Како што беше најавено, ова се најпознатите тинејџерски мутант нинџа желки, а се очекува да се појават во видео игрите Call of Duty Warzone и Black Ops 6.
За ова се зборуваше и претходно, но до сега немаше официјална потврда.
Сè уште нема многу детали, но слободно може да се каже дека сите реквизити на нинџа желките ќе пристигнат со нив – нунчаки, катани, бо штабови и слично.
Овој „кросовер“ можеби ви звучи изненадувачки, но треба да се запомни дека ова не е прв пат двете франшизи да соработуваат, бидејќи во 2023 година, во игрите CoD Modern Warfare 2 и CoD Warzone, можете да играте како Шредер, вечниот противник на Леонардо, Рафаело, Донатело и Микеланџело.